Здружението има цел да ја едуцира јавноста за важноста на урамнотежената исхрана, која е клучен фактор за оптимално здравје. Оваа компонента на мотото ја нагласува важноста на правилна комбинација од хранливи материи и разновидност во секојдневните оброци. Нутри Баланс е и партнер на стручната јавност во креирање на здравствените насоки од областа на диететиката, диетотерапијата и здравјето кои ќе допринесат за унапредување на здравствениот систем во земјата.

Здружението промовира одговорно и свесно производство на храна, со акцент на квалитетот и одржливите избори на намирници. Ова ја одразува посветеноста за едукација во областа на нутриционизмот и одговорното однесување кон храната, вклучувајќи ги и етичките и еколошките аспекти.

Здружението се залага за промоција на здрав начин на живот кој вклучува физичка активност и правилна исхрана кои се важен фактор за емоционалната благосостојба на човекот. Здружението верува дека здравјето е поврзано со рамнотежата во сите аспекти на животот – работа, одмор, физичка активност и исхрана.

Блог

Прочитај ги нашите едукативни содржини

Колаген: Дали неговата популарност е оправдана?

Колаген суплементите станаа многу популарни во последниве неколку години и  се рекламираат како суплементи за кожа, коса, зглобови и многу повеќе. Сега ќе разгледаме дали неговата популарност е оправдана и дали вреди колагенот да биде Read more…

Омега 3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се полинезаситени масти кои вршат важни функции во нашето тело. Нашето тело не може да произведе доволна количина на омега-3. Значи, омега-3 масните киселини се есенцијални хранливи материи, што значи дека треба Read more…

Како да направам балансиран оброк?

Како да направам балансиран оброк? Главната причина за прејадување и чувствување глад навечер (кој потоа најчесто води до многу грицкање) е немање балансирани оброци во текот на денот. Клучот за правилна исхрана е да знаеме Read more…

Контактирај нѐ

Локација

бул. 

Контакт телефон

+38971228052

Контакт форма